7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Зела кредит од 600.000 денари со лажна потврда за вработување и лични примања

Најчитани вести

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С. З. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела употреба на исправа со невистинита содржина и „змама при добивање кредит.

Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести