Политичкиот аналитичар и поранешен македонски амбасадор Арсим Зеколи е разочаран од отстуството на секаква реакција откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера го промовираше новиот бренд – „Macedonia the GReat“, за кој Зеколи вели дека е понижувачки:
„Но поголем проблем е што нашето водство-преговарачи мува не ги лази да дадат оставка или бидат сменети. Со што се дава на знаење до Атина дека што и да покренат, од наша страна ќе има едно 24 часа џав-џав и никаква реакција“, напиша Зеколи на Твитер.