14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V“ во ЕУ

Најчитани вести

Европската унија мора да има чисто научен пристап кон одобрувањето на руската вакцина „ Спутник V“, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер, зборувајќи во регионалниот парламент.

-Се појавија две нови вакцини, што во моментов се подложени на процедура за скрининг, изјави Зедер, додавајќи дека мисли на вакцините „Спутник V“ и „Џонсон & Џонсон“, јави Тасс. .

Зедер истакна дека безбедноста на вакцините е најважниот аспект од постапката и дека ЕУ мора да ја забрза вакцинацијата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека покренала постапка за експертиза на вакцината „Спутник V“.

Специјалисти ќе треба да утврдат дали вакцината е во согласност со стандардите на ЕУ во однос на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com