Пријателите на легендарниот актер Морган Фримен открија дека неговото здравје е сериозно нарушено.
Фримен на крајот на јули се појавил на настан и изгледал слабо, а како што наведуваат медиумите, тој изгубил дури 11 килгорами, пренесува „Дејли стар“.
На тој настан, 86-годишниот актер бил забележан во сив костум и сина кошула, со капа на главата и големи темни очила за сонце, а рацете ги држел зад грб. Според информациите на порталот „Радар онлајн“, неговите пријатели се повеќе се загрижени за него. Еден пријател изјавил дека Морган сè уште е еден од „највредните луѓе во Холивуд“.
– Трпи неверојатни болки. Го боли кога оди, кога станува од стол, па дури и кога само ги мрда рацете. Главно страда во тишина, но најчесто е во агонија – објаснил изворот.
Друг извор за споменатиот сајт изјавил дека актерот изгубил 11 килограми во изминатите две години, како и дека неговиот апетит исчезнува поради болките.
Актерот, инаку, поради инфекција беше принуден да го откаже патот во Бритнаја, каде што требаше да се појави на промоцијата на филмот „Special Ops: Lioness“.
Сепак, неговиот портпарол инсистираше дека тврдењата на наводниот пријател се лажни.
Морган доживеа речиси фатална сообраќајна несреќа во 2008 година, по која неговата лева рака остана парализирана и оттогаш носи компресивна ракавица на раката за да се осигура дека крвта продолжува да тече до екстремитетот.