17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Здравството најмногу пари ќе се троши на лекови за ретки болести, плати и реновирање на болници

Најчитани вести

Во здравството догодина најмногу пари ќе се трошат на лекови за ретки болести, плати и капитални проекти за реновирање на болници и амбуланти. Касата на Министерството за здравство во 2020 ќе тежи повеќе отколку во претходните години, се пофали министерот Филипче од владината говорница. Предлог-буџетот изнесува близу 116 милиони евра.

„Значајно го зголемивме буџетот за ретките болести. За првпат го обезбедивме лекот Спинраза, пет нови лека за пациентите со ретката болест Гоше, потоа за посебна форма на болеста леукемија, за пулмонална фиброза, пулмонална хипертензија. Буџетот во оваа ставка за 2020 година ќе изнесува 527 милиони денари. Со средствата предвидени за изградба на новииот Клинички центар во Скопје и во Штип, во висина од 812 милиони денари ќе продолжи изградбата“, изјави Венко Филипче – Министер за здравство.

Ветувањата на министерот кон здравствените работници за поголеми плати ќе ја олесни касата значително.

„Со најавеното зголемување на платите за следната година, вкупното зголемување на основната плата на лекар-специјалист над 40% проценти, на медицинска сестра 23%. Има здравствени работници, лекари, специјалисти коишто имаат дуплирани плати во однос на тоа што беше во 2017 година“, изјави Венко Филипче – Министер за здравство.

Во период на зачестени протести пред Министерството за здравство и барања од медицинските работници, последни кои се договорија со министерот Филипче се кофинансираните специјализанти коишто пред неколку дена протестираа со барања за регулиран работен однос и повисоки плати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести