Home » Здравствените работници ќе штрајкуваат доколку до понделеник не земат плата

Здравствените работници ќе штрајкуваат доколку до понделеник не земат плата

by Журнал.мк

Лекари, медицински сестри, болничари и административци ќе излезат на протести, ќе организираат штрајкови и ќе поднесуваат индивидуални тужби доколку во понеделник не ја земат јануарската плата и официјално не потпишат договор со властите за од лани најавеното зголемување, велат од Синдикатот на Клинички. Платите на околу 25.000 вработени во над 100 државни болници им доцнат поради паднатиот систем на Фонот за здравствено осигурување, кој во делот на исплати на средства не функционира веќе десеттина дена. Револтот кај здравствените работници е голем, па конечната одлука за штрајк ќе ја донесат в понеделник, иако добиле некакви уверувања од Директорката на ФЗО дека за два три дена плата ќе имало, оти ангажирале приватна фирма за рачно да ги направи пресметките.

Од Фондот не одговараат на новинарските прашања кога ќе се пушти јануарската плата, а Директорката Магдалена Филиповска Грашкоска, со денови не сака јавно да излезе и да објасни што се случува со системот и дали станува збор за хакирање или за пак, според неофицијалните информации, нивна грешка при обид за абдејтирање на веб-страната. Оттаму во последното соопштение, посочија дека системите во претстојните денови постепено ќе се враќале во функција.

Матичните лекари за исплатите пак, сега не се жалат, бидејќи последната плата за ноември лани ја зеле ден пред да падне системот на ФЗО, а следната, за декември, треба да ја земат на почетокот од следниот месец, бидејќи парите, со години наназад тие ги земаат со задоцнување од два месеца. Ова во телефонски разговор за Канал 5 го потврдуваат здруженијата на приватните матични лекари.

За прегледи и рецепти пациентите, според тврдењата на матичните лекари, немаат проблеми бидејќи ординациите во последните денови поради паднатиот систем ја вратиле хартијата, па лекови за новороденчиња кои не можат да се впишат како нови пациенти, се препишуваат на име на родителите. Инаку, ФЗО засега не може да исплаќа ни труднички боледувања, а пациентите не можат да земат пари за лекови и ортопедски помагала од рефундација.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk