Home » Здрави намирници за секој орган: Рибата ќе ве направи попаметни, грозјето спречува алергии, а доматот…

Здрави намирници за секој орган: Рибата ќе ве направи попаметни, грозјето спречува алергии, а доматот…

by Журнал.мк

Постојат бројни здрави намирници кои влијаат на нашите органи, а денеска ви откриваме кои намирници се здрави за кои органи за да можете да ги внесете во својата исхрана.

Здравата исхрана е навистина широк поим, а доколку имате проблеми со некој конкретен орган, оваа листа е тука за да ви покаже што почесто треба да консумирате.

Очи

Морковот е многу богат со бета-каротен кој го намалува ризикот од мускулна дегенерација, што е водечка причина за загуба на видот. Неговите витамини и антиоксиданти ги одржуваат очите здрави дури и во староста. Морковот исто така е добар за вашиот тен.

Мозок

За оптимално функционирање на мозокот се потребни омега-3 масни киселини, а рибата и оревите се богати со нив. Протеинот од коноп е исто така одличен за одржување на здравјето на мозокот или било која храна која ги содржи овие масни киселини.

Бели дробови

Грозјето содржи состојка наречена проантоцијанидин, која помага при астма и алергии. Исто така, здравите масти се добри за белите дробови, како и билните чаеви.

Срце

Доматот е богат со ликопен кој го намалува ризикот од срцеви заболувања. Можете да го комбинирате со некој извор на масти за да ја зголемите неговата апсорпција, како на пример домати, малку лук и маслиново масло што е совршен мини оброк за здраво срце.

Коски

На нашите коски им е потребен калциум, а целерот е богат со овој минерал. Исто така е богат и со манган кој помага во подобрување на густината на коските. Јаткастите плодови се исто така добар извор на калциум.

Стомак

Утринска мачнина, дијареја, синдром на иритабилни црева и мачнина се некои од стомачните тегоби кај кои ѓумбирот може да помогне при лекување. Исто така, тој ја зајакнува заштитната обвивка на желудникот. Во тоа помагаат и бананите како и топлите супи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More