11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Здолништа, зимски и летни панталони – полицајците добија нова облека

Најчитани вести

Деновиве во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16.000 парчиња летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година.

Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски зимски и летни панталони и по 790 зимски и летни здолништа, а согласно динамиката на испорака очекуваме пристигнување на високи специјални чизми и ремени со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година.

Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 парчиња зимски јакни за припадниците на полицијата, за коишто распределбата започна на 11.03.2022.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com