25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Зградите на ЕУ во боите на украинското знаме по повод Денот на Европа

Најчитани вести

Зградите на Европската унија во Брисел синоќа беа осветлени во боите на украинското знаме по повод Денот на Европа.

„Ние сме со Украина и нејзиниот народ во нивната борба за слобода, мир и демократија: истите вредности врз кои беше изградена ЕУ пред 72 години“, напиша Европската служба за надворешни работи на Твитер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на својот Твитер профил напиша дека зградите на ЕУ, во пресрет на Денот на Европа, блескаат во боите на украинското знаме.

„Тие блескаат исто како нашата надеж да видиме враќање на мирот во Европа. И да започнеме да градиме заедничка иднина со нашите украински пријатели“, напиша таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com