Home » Зголемена продажбата на електрични автомобили

Зголемена продажбата на електрични автомобили

by Журнал.мк

Со зголемувањето на цените на енергенсите и сè побогатата понуда, европските купувачи брзо се свртуваат кон електрифицирани возила. Според податоците објавени од „JATO Dynamic“, продажбата на електрифицирани возила драстично скокнала.

Под поимот електрифицирани возила, се подразбира сегментот на електрични и „plug-in“ хибриди, кои во февруари постигнаа пазарен удел од дури 20%. Значително поголем раст забележале електричните возила, дури 77%, додека продажбата на „plug-in“ хибриди се зголемила за само 6%, пренесува „Index.hr“.

Најпопуларни се „SUV“ моделите со удел од дури 51%, додека апсолутен лидер на пазарот на електрични возила е „Tesla“ со удел од 18,1%, пред „Volkswagen“ и „Hyundai“.

Ако го погледнеме глобалниот пазар од 26 европски земји, продажбата паднала за 5,4% на 794.576 примероци поради проблеми со испораката, што е најлош резултат во последните 40 години.

Во понудата на „обични“ автомобили европски број 1 повторно е „VW Golf“, но со пад на продажбата во однос на лани. Истото важи и за повеќето други модели во топ 10. Кога станува збор за новите производи на пазарот, одлични резултати постигнаа „Renault Arkana / Megane Conquest“, „Hyundai Ioniq 5“ (и „Kia EV6“) и адутите на „Volkswagen“ „ID.4“ и „Taigo“ .

Во сегментот на „plug-in“ хибридни возила, најпопуларни„ SUV“ модели се „Peugeot 3008“ и „Fiat Kuga“, а по нив следи „BMW“ Серија 3. Најпродавани електрични модели се „Tesla Model 3“ и „Tesla Model Y“, а потоа многу успешниот „Fiat 500e“ .

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk