6 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Згодниот брат на Кејт Мидлтон се сврши со својата девојка

Најчитани вести

На 6 октомври помладиот брат на војвотката Кејт Мидлтон, Џејмс, објави дека неговата девојка Ализе ја прифатила неговата брачна понуда.

На фотографијата објавена на Инстаграм се гледа прстенот со сафир и мали дијаманти, кој многу потсетува на оној со кој принцот Вилијам ја запроси Кејт во 2010 година. Нема информации дали Џејмс го избрал прстенот намерно за да потсетува на кралскиот или пак, се работи за чиста случајност.

Ализе е родена во Франција, но веќе извесно време престојува во Лондон. Студирала финансии и инвестиции на лондонскиот универзитет, а со Џејмс Мидлтон се запознала минатата година во еден локален бар.

До мај оваа година нивната врска не беше јавна, но потоа се појавија заедно на една кралска свеченост, а оттогаш Џејмс објави неколку заеднички фотки на Инстаграм.

Тој стана познат по тоа што не ужива ниту еден бенефит од кралското семејство покрај сестра си, иако може. Џејмс всушност, претежно се занимава со земјоделство, а често оди и на авантуристички патувања./lokalno.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести