-5.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Згодната Никол Шерцингер со смели фотки од бикини во Грција го заврши роденденското патување (фото)

Најчитани вести

Никол Шерцингер и нејзиното момче Том Еванс летово одлучија да направат турнеја низ сите поголеми туристички дестинации во Европа: од Португалија, до Монако, па во Италија и Грција.

zgodnata-nikol-shercinger-so-smeli-fotki-od-bikini-vo-grcija-go-zavrshi-rodendenskoto-patuvanje-foto-01.jpg

Каде и да одат Никол и Том објавуваат фотографии на социјалните мрежи, а често се уловени и од будното око на фотографите.

Тие претходно беа на езерото Комо во Италија каде Никол го прослави својот роденден и оттаму таа објави „жешки“ фотографии во црвено бикини. За време на приватната фото-сесија Никол и Том беа уловени од папараци, па на Инстаграм таа го објави „резултатот“.

За крај на роденденското патување парот го одбраМиконос во Грција. На фотографиите објавени од Миконос Никол е неодолива додека позира во приватниот базен.

„Здраво од Миконос… Ајде! Патување на брзина за да ја завршиме прославата за роденденот“ – напиша таа.

Како и да е, без разлика дали се работи за фотографии уловени од фотографи или за нивни приватни фотографии, забележително е дека Никол и Том се подеднакво згодни на сите фотки и се без ниту една маана.

По сè изгледа тие се една од двојките што нема потреба премногу да ги обработува фотографиите или едноставно камерата „ги сака“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com