33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Зборовите на Сари кога го напушташе Јувентус сега се многу појасни

Најчитани вести

Јувентус синоќа доживеа вистински дебакл во Торино.

Старата дама беше убедливо поразена од Милан со 3:0 и така бјанконерите дојдоа во многу тешка ситуација кога е во прашање борбата за пласман во Лигата на шампионите.

На крајот на минатата сезона, управата на Јувентус донесе одлука да го разреши Маурицио Сари, кој дојде до титулата шампион, а шансата да го води клубот ја доби Андреа Пирло.

Некогаш одличниот фудбалер целосно потфрли во својата прва сезона на клупата. Јувентус игра очајно и очигледно е дека Старата дама има огромни проблеми во тимот.

И поранешниот тренер Сари, кому Јувентус му плати 8,5 милиони евра за отказот, имаше жестока разделба со управата на Старата дама и неговите зборови пред отказот да се покажат како точни.

„Решивте да ме отпуштите, а ми дадовте тим кој едноставно е невозможно да се тренира и да се уигра”, им рече Сари на збогувањето со челниците на Јувентус, незадоволен што не ги доби играчите што ги бараше за време на неговиот престој во Торино.

Овие зборови очигледно се покажаа точни. Бјанконерите играат очајна сезона, голема е веројатноста да не играат во Лигата на шампионите, а единствениот трофеј за кој ќе се борат е Купот на Италија каде игра против Аталанта.

Сепак, според она што го покажува тимот на Андреа Пирло на теренот, тој трофеј е многу далеку, исто како и Лигата на шампионите, бидејќи Јувентус има многу тежок распоред до крајот на сезоната.

Тимот од Торино до крајот на сезоната ќе игра против Сасуоло (среда), Интер (сабота) и Болоња (недела 23,5).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести