Home » За 7 „најсреќни“

За 7 „најсреќни“

by Lina Muslija

Jaguar ќе го продава E-Type ZP Collection restomod во пар…

Jaguar ги претстави малку изменетите примерци на моделот E-Type кои им оддаваат почит на болидите кои победија на првите трки во рацете на Греам Хил (Grahama Hill) и Рој Салвадори (Roy Salvadori).

На овој начин, Jaguar им оддава почит на првите E-Type автомобили кои победија на трки, а зборуваме за пар специјални нови/стари класици. Ќе се продаваат во пар, а ќе бидат произведени само 14 примероци кои ќе завршат во гаражите на седум сопственици.

Автомобилите се малку модифицирани за полезност, а инспирацијата доаѓа од двата автомобили кои Хил и Салвадори ги возеа до победата во 1961 година. Автомобилите беа испратени на трките веднаш по производството. Првиот E-Type познат по регистарската табличка ECD 400, Хил возеше до победата во Оултон Парк (Оulton Park). Во негова чест, каросеријата е обоена во Oulton Blue и содржи голем број надворешни детали инспирирани од овој победник, вклучувајќи црна хауба и бели лакови на тркалата.

Задржани се хромираните браници и жичените тркала, а има и вртежи кои го носат логото на Jaguar Heritage. Воланот е изработен од буково дрво, а внатрешноста е украсена со полу венец детали кои одговараат на периодот од кој потекнува автомобилот. За кожниот тапацир се погрижи Bridge of Weir. Мајсторот Џони Дауел (Johnny Dowell) го направи златното гравирање, во вид на силуетата на автомобилот, конфигурацијата на патеката во Оултон Парк и знамето за старт/цел. Исто така, постои познат цитат на Греам Хил кој гласи: „Во тркањето, мојот автомобил станува дел од мене, а јас станувам дел од него“.

Логото на ZP се наоѓаат на капачето на резервоарот, кожните ремени на хаубата и на други места. Инспирација беше името на проектот што доведе до создавање на оригиналните тркачки автомобили, Project ZP. Автомобилот е украсен и со врежан полувенец.

Jaguar се одлуил за цврст покив за купувачите да можат да ги имаат двете верзии на каросерија, а направен е во чест на тркаќлиот автомобил кој го освои првото место во Кристал Палас неколку недели по победата на Хил во Оултон Парк. За каросеријата е избрана кристално (Crystal) сива боја. Специјални налепници беа создадени од златарите на Vaughtons за да ги имитираат налепниците за тркачки автомобили. Внатрешноста е обложена со  Dark Navy  кожа и има гравури како патеката Ctystal Palace, како и прекарот на Салвадори „ King of the Airfields  “.

Под хаубата на двата автомобили се наоѓа 3,8-литарски мотор кој развива 265 КС. Радијаторот е моделиран по стилот од 1961 година, а автомобилот добил електричен вентилатор и електронско палење, како и специјално развиен менувач со пет брзини.

Jaguar има инсталирано инфозабавен систем со DAB радио и Bluetooth, а достапна е и навигација. Автомобилите доаѓаат и со кациги со ретро дизајн, како и кожна чанта што одговара на внатрешноста на автомобилот. Секој автомобил бара 2.000 часа работа.

Jaguar, исто така, планира да претстави пар автомобили F-Type ZP Edition инспирирани од E-Type. Тие ќе се произведуваат во пар, а ќе бидат придвижувани од 5.0-литарски V8 мотор. Сите се резервирани за клиентите на E-Type ZP Collection.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More