Home » За 43% намален на криминалот во Битола во однос на минатата година

За 43% намален на криминалот во Битола во однос на минатата година

by Журнал.мк

Битолската полиција се пофали со добри резултати во работењето. Статистиката на МВР покажува дека бројот на тешки кражби е намален за 43% споредено со лани.

Оттаму велат дека е ова резултат на низата преземени мерки и активности, што резултирало со ефикасност од 47% во делот на откривањето на сторителите на кривични дела.

Но, не сите граѓани го делат ваквото мислење. Има и такви кои не се чувствуваат безбедно во градот. Други, пак, потврдуваат дека криминалот е намален.

„Зависи кој како, јас се чувствувам безбедно.“

„Да, се чувствувам безбедно, мислам дека е намален криминалот.“

„Гледаме и по социјалните мрежи и по телевизии дека секој ден има, дали кражба дали некое разбојништво се случува во градот, така да не сум баш сигурен дека е намален.“

„Не чувствуваме некоја несигурност, добро е“-велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Полицијата продолжува со превентивните активности во рамки на кампањата „Безбедно лето“. Од СВР Битола до крајот на годинава очекуваат уште подобри резултати во борбата со криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More