27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

За 300 км на час, 400 евра казна доби возачот кој се фалеше на „Тик-Ток“

Најчитани вести

Tетовецот кој на „Тик-ток“ се пофали дека возел со 300км на час на автопатот Гостивар-Тетово е казнет со 400 евра и со одземање на возачката дозвола, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тетовската полиција вчера го открила и го казнила 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило БМВ, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година, се наведува во соопштението од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести