27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

За 24 часа 266 новозаразени со ковид-19 од 953 тестирања, нема починати

Најчитани вести

Во изминатите 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на ковид-19 од кои 64 се реинфекции. Позитивни се 28 отсто од тестираните. Оздравени се 119 пациенти, а нема пријавено починати лица, информира Министерството за здравство.Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип по 5, Кавадарци и Кичево по 4, Струмица и Крива Паланка по 3, Струга и Радовиш по 2 и во Неготино и Ресен по 1.

Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од кои од Скопје – 73, Битола – 7, Прилеп и Кочани по 6, Струмица и Велес по 5, Куманово и Кавадарци по 4, Тетово – 3, Гостивар и Виница по 2, а од Пробиштип и Делчево по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице.

Направените 953 тестови се преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.

Досега во земјата се направени вкупно 2.086.592 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.060, бројот на оздравени пациенти е 304.460, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com