17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

За шест часа 33 казни за пешаци во Тетово

Најчитани вести

Тетовската полиција вчера од 8 до 13 часот во градот контролираше колку пешаците ги почтиуваат правилата за нивно однесување во сообраќајот.-При контролата откриени и законски се санкционирани вкупно 33 прекршоци.

Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на тротоари и на преминување на улиците надвор од пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во редовновните сообраќајни контроли вчера, исто така, на улиците „Маршал Тито” и Видоја Смилевски-Бато” во Тетово полициски службеници на СВР Тетово времено одзеле три патнички моторни возила со скопски и тетовски регистарски ознаки.

Возилата ги управувале тетовци на возраст од 30, 38 и 45 години, а кои имале истечена регистрација повеќе од шест месеци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести