17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

За три години намалена затворската казна на убијците на Саздо

Најчитани вести

Адвокатот на семејството на Никола Саздовски, Ванчо Шехтански на Фејсбук објави дека од 19 на 16 години затвор е намалена затвроската казна за Бесир Бела и Скендер Демири, кои се осудени за убиството на Никола Саздовски– Саздо во јуни 2018 година во скопска Автокоманда.

Ваква одлука донел Апелацискиот суд решавајќи по поднесената жалба.

Според него, причина за намалување на казната од 3 години е тоа што, Судот сметал дека обвинетите биле млади лица и претходно изречената казна од 19 години била превисока.

Бесир Бела (20) и Скендер Демири (21) се осудени во април минатата година при што се задолжени да им платат поединечно на сите членови на семејството на убиениот Саздовски и по околу 15 илјади евра за секого, за нематеријална штета и душевна болка. Во моментот на сторување на тешкото кривично дело тие немале наполнето 21 година, па ја избегнаа доживотната казна затвор.

Во судскиот процес тие по обвинението за свирепо убиство на Никола Саздовски се изјаснија како невини.

Против третиот обвинет за убиството на Саздо, Јетон Љужа судскиот процес е во так, откако тој беше уапсен во Германија па беше екстрадиран во земјава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести