Home » За сума од 200 до 500 евра затворениците добиваат мобилни телефони од чуварите

За сума од 200 до 500 евра затворениците добиваат мобилни телефони од чуварите

by Журнал.мк

Последната акција во која беа запленети мобилни телефони, ножеви, дрога, пари… во затворот во Идризово, ги покажа недостатоците на системот, но исто така и можната вмешаност на службени лица во внесувањето на недозволени предмети. Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција откри дека за на осудено лице да му се внесе мобилен телефон, затворските чувари вработени во затворот наплаќаат од 200 до 500 евра зависно од казнено поправната установа. За тоа дали некој ќе одговара, Зибери вели дека ако се утврди лична одговорност ќе биде спроведена, но работата на правобранителот е да укаже, а не да казнува.

„Внесувањето на недозволени предмети е извршено со посредство на службени лица. Многу често тоа е со плаќање на надомест, а последната акција на МВР само ги потврди нашите сознанија. Неофицијално можам да кажам дека за внесување на мобилен телефон, службените лица бараат од 200 до 500 евра од осудениците. Во 2015 години беше посетен и КПД Тетово. Женските малолетни деца се во Идризово. Состојбата во Тетово со условите во Тетово е на задоволително ниво, има доволно простории и соодветни услови. Но во Идризово се под нивото потребно за функционирање на ваков дом. Тие треба да бидат преместени во соодветна установа”, вели Зибери.

За ресоцијализацијата омбудсманот рече дека не е на ниво и дека констатиран е недостиг од кадар од оваа област. За притворени лица, вели дека најголем проблем е и времето што го минуваат надвор, односно само 2 часа, 22 часа минуваат во затвор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More