1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

За „спасот на судиите“ Врховен ќе заседава наредната недела, денес не било обезбедено мнозинство

Најчитани вести

Врховниот суд денеска не се изјасни за иницијативата која е поднесена од адвокатите Анита Бегова и Ѓоко Шајн, а која ја отвара дилемата дали по барањата за утврдување одговорност за судиите пред Судскиот совет ќе се одлучува според стариот или новиот Закон за судови. Со новиот закон се отвора можноста судиите за кои е поднесено барање за утврдување одговорност, односно за разрешување, меѓу кои е и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, да поминат само со дисциплинска мерка.

Оваа иницијатива требаше да се разгледува на денешната Општа седница во Врховниот суд, но според информации на „Фокус“, точките се тргнати од дневен ред и се ставени за наредната недела. Неофицијално, не било обезбедено мнозинство за да се избере полесната варијанта за судиите, односно одговорноста да им се утврдува според новиот закон.

Иако барањето за одговорност на Вангеловски е поднесено пред две години, од Судскиот совет не прејудицираат според кој закон ќе се постапува по него.

Иницијативата за разрешување на Вангеловски и уште двајца судии од Врховниот суд беше поднесена бидејќи му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести