37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

За прв пат говор на македонски јазик во албанскиот парламент

Најчитани вести

Васил Стерјовски е пратеникот кој го одржа првиот говор на македонски јазик во албанскиот парламент. Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција ова го оцени како историски настан за Македонците во Албанија.

-Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во сто и првата годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник кој се декларира за Македонец. Јавностa преку парламентарната говорница слушна за Македонците во Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник, за Македонците низ цела Албанија, се првите зборови на македонски јазик кои ги изговори Стерјовски на говорницата.

Тој рече дека достојно ги претставувал сите граѓани од округот на Корча и дека во својот мандат се борел за подобрување на условите за живот и работа на Македонците во Албанија. Посебна благодарност упати до Владата што го одобрила проектот вода за пиење на општина Пустец од 4 милиони евра.

-Почитувани сонародници, бидете горди Македонци и лојални државјани на Албанија, негувајте ги македонскиот јазик, култура, историја и традиции бидејќи и тие cе нераскинлив дел од Албанија, порача Стерјовски.

Албанскиот парламент е пред распуштање поради изборите на 25 април е Стерјовски е на кандидатската листа на Социјалистичката партија, исто така во Изборната единица Корча.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести