23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

За прв пат во Европа продадени повеќе електрични од дизел автомобили

Најчитани вести

Продажбата на електрични автомобили во Европа за прв пат во декември ја надмина продажбата на дизел автомобилите, покажуваат прелиминарните проценки, јавува „Фајненшнл тајмс“.

Повеќе од една петтина од новите автомобил продадени во 18 европски земји, вклучително и Обединетото Кралство, биле со батерии, додека помалку од 19 отсто од купувачите одлучиле да купат дизел автомобили.

Притоа, во категоријата продадени дизел автомобили се вклучени и хибридните дизел автомобили.

„Фајненшнл тајмс“ наведува дека продажбата на електричните автомобили постојано се зголемува поради владините субвенции во Германија, но и на другите места, како и строгите регулативи од 2020 година кои ги принудуваат производителите во Европската Унија да продаваат повеќе возила со ниски емисии на штетни честички.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com