8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

За првпат Албанија има влада со мнозинство жени

Најчитани вести

Албанскиот парламент гласаше за првата влада во која мнозинството го сочинуваат жени, откако во земјата беше воведен повеќепартиски систем пред 30 години.

По парламентарното собрание кое траеше повеќе од 20 часа, Еди Рама беше избран за премиер третпат по ред, по огромната победа на изборите во април.

Од 17 членови на владата, 12 се жени.

„Борбата против родовата дискриминација и семејното насилство останува отворена и е далеку од победена“, рече Рама пред пратениците кои гласаа за неговата влада со 77 гласови од 140, додавајќи: „Се уште има дискриминаторски сили и негативна енергија што дејствуваат во нашето општество да им наштети на жените и девојчињата “.

Олта Џачка ќе продолжи да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, а Делина Ибрахимај – поранешна шефица на даночната администрација, ќе раководи со министерството за финансии и економија.

Рама рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет во третиот мандат.

Новата влада предвидува економски раст од околу 4 проценти годишно, по падот од 3,3 проценти во 2020 година, како резултат на пандемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com