Home » За поранешната претседателка на Аргентина побарана казна затвор од 12 години поради корупција

За поранешната претседателка на Аргентина побарана казна затвор од 12 години поради корупција

by Журнал.мк

Федералниот обвинител на Аргентина денеска побара 12-годишна затворска казна за Кристина Фернандез де Кирхнер, поранешната претседателка на државата и актуелен потпретседател, под обвинение за корупција.

Обвинителот Диего Лучиани ја обвини Фернандез де Кирхнер, се уште влијателна личност во владејачката Перонистичка партија, дека ја измамила државата и била вклучена во шема за пренасочување на јавните средства за време на нејзините два претседателски мандати помеѓу 2007 и 2015 година.

Конечната пресуда ќе биде позната за неколку месеци, додека таа би можела да поднесе жалба до повисоките судови, за што би биле потребни години за да се донесе конечна одлука, пишуваат локалните медиуми.

„Ова беше веројатно најголемиот корупциски маневар досега во нашата земја“, рече меѓу другото обвинителот Лучиани во завршниот збор на судскиот процес.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk