1 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

За подобро расположение јадете ги овие три намирници

Најчитани вести

На сите ни се случило кога сме нерасположени или разочарани, посегнуваме веднаш по сладолед или други слатки.

Но преголемото консумирање на слатки може да има штетни влијанија врз нашето здравје, па затоа треба да се заменат со поздрава храна.

3 намирници за подобрување на расположението:

Темно чоколадо
Чоколадото со висока содржина на какао е одговорно за зголеменото лачење на хормонот на среќа затоа што е богато со флавоноиди, кои позитивно влијаат на подобрување на нашето расположение. Имајте на ум дека црното чоколадо е калорично, затоа консумирајте еден ред дневно.

Лосос
Лососот го штити здравјето на нашето срце благодарение на омега 3 масните киселини. Многу студии откриле дека консумирањето на риба има најмал ризик од депресија и ако сакате да го ослободите стресот на здрав начин, јадете риба барем двапати неделно.

Боровинки
Боровинките се полни со здравствени придобивки. Тие се богати со антиоксиданти и го прочистуваат нашето тело од токсини, а исто така се богати со флавоноиди кои помагаат да се подобри нашето расположение.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести