Home » За неполна недела битолската противпожарната единица интервенирала на 35 пожари

За неполна недела битолската противпожарната единица интервенирала на 35 пожари

by Журнал.мк

Територијалната противпожарна единица Битола со полни раце работа. И по неколку дојави за пожари во едно деноноќие. За неполна недела дури 35 мали пожари биле локализирани и било спречено нивно проширување. Се претпоставува дека пожарите намерно се предизвикуваат од несовесни граѓани

„Во рок од седум дена имаме 35 интервенции. Причината мислам дека е човечки фактор, нема тука дилема за друго“, изјави Горан Димкоски, заменик командир на ТППЕ Битола

За разлика од лани, кога ваквата појава била многу ретка, во последните 10 дена, годинава, нагло и зачестено се опожаруваат ридови со сува трева, ѓубришта и депонии, вели Димкоски. Додава и дека со 13-те возила и 42 пожарникари кои ги имаат на располагање, благодарение на добрата екипираност и брзата интервенција-можат да одговорат на задачите.

„Возниот парк е сепак застарен, не е нов, треба да се обновува, но, сега за сега можеме да функционираме, до некои граници“, вели Димкоски.

„Како и во цела Македонија и во Битола има недостиг од пожарникари, но и старосната граница е многу висока, негде од 45 години, па нагоре“, дополни заменик командирот.

Низ годините, Битола ја зафаќаа големи пожари. Како оној на Билбил камен во 2007-ма, под Пелистер во Ротино 2010-та и кај месноста Кажани на превојот кон Ресен во 2014-та, во кои изгоре огромна површина борова шума, а имаше и човечки жртви. Се надеваме дека годинава тоа нема да се случи, затоа што „секој пожар е мал, доколку навреме се интервенира“, рече заменик командирот Димкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More