22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

За наградата „Антево перо“ – осум поетски ракописи

Најчитани вести

Од 87 поетски ракописи, комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ ги издвоила следниве: „Капе времето“ на Виолета Танчева Златева, „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска, „Градот“ на Иван Џепаровски, „Дупка“ на Александра Димитрова, „Граници“ на Михајло Свидерски, „Ѕидање на времето“ на Искра Пенева, „Музеј на чувствата“ на Јосип Коцев и „Кожена душа“ на Емануела Ковачевска.

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

Комисијата констатирала дека во голем број од пристигнатите збирки е присутно вистинско шаренило од теми, умешно и успешно обработени, што севкупно ги чини поетските дела со респектабилни естетски вредности, а името на Анте Поповски било дополнителен мотив рекорден број автори да конкурираат за ова поетско признание.

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе се одржи од 27 до 29 септември во Скопје и Лазарополе, а е востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија Анте Поповски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести