Такуми Минамино мораше својата шанса да ја побара подалелу од Ливерпул иако клубот од „Енфилд“ го купи пред само една година.
Минамино во 2 часот утринава потпиша заем во Саутемптон до крајот на сезоната.
„Светците“ на „црвените“ за Минамино им платија половина милион фунти.
Премиер лигата дозволува реализација на трансфери и по завршувањето на преодниот рок ако клубовите пред полноќ на 2 февруари во седиштето на лигата ја предадат потребната документација. Ливерпул и Саутемптон го направија токму тоа.
Клоп минатата зима го доведе Минамино од Салцбург. Сепак, конкуренцијата во нападот на шампионот во Премиер лигата е голема, а Јапонецот не може да ја пробие големата тројка Салах – Фирмињо – Мане. Тука се и Шаќири и Ориги.
Минамино и покрај скромната минутажа на 17 настапи постигна 4 гола, а имаше и 2 асистенции