До илјада денари неделно троши брачниот пар Зимбакови за зеленчук и овошје. Двапати неделно пазарува тетка Марика, која ја затекнавме на пазарот во Струмица. Вели дека цените се високи, но мора да се хранат. Една третина од нејзината пензија оди само за домати, пиперки, компир и одвреме-навреме за сезонско овошје
На пазарот во Струмица цените се движат од 30 денари за компир, 60 денари за домати и краставици, 70 за пиперки. Нешто повисоки цени има сезонското овошје.
За разлика од минатата година и купувачите и продавачите бележат поскапување. Според земјоделците, ваквите цени се резултат намалената понуда на зеленчук. Ристо Велков ги спремаше за пазар лутите пиперки, чија цена е 100 денари за килограм
Цените на зеленчукот се резултат и на високите цени на земјоделските репроматеријали, коментираат земјоделците. Според нив, заради немањето производство и доволни количини, не само во земјава, туку и во опкружувањето, цените на зеленчукот ова година ќе бидат високи.