5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

За кратко време заигра со Меси и Роналдо, па направи споредба: Има повеќе работи…

Најчитани вести

Многу малку играчи можат да се пофалат дека играле заедно со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, двајца фудбалски генијални, асови кои одбележаа една ера во овој спорт.

Двајцата се уште се активни, но имаат 35 и 37 години и повеќе од јасно е дека се поблиску се до крајот на нивните кариери. Сепак се додека се активни ќе имаат што да му понудат на фудбалот затоа што се играчи од светска класа, играчи кои максимално се грижат за своето тело, внимаваат на исхраната, вистински професионалци за што најдобро говори се што досега имаат направено во кариерите.

Младиот Витиња ова лето од Порто се пресели во ПСЖ што значи дека секојдневно соработува со Меси, односно ова значи дека за кратко време доби можност да биде на теренот заедно со двете големи супер ѕвезди затоа што во оваа 2022 година дебитираше за Португалија токму на мечот против Македонија во баражот за СП.

Играчот од средината на теренот се обиде да направи споредба меѓу Лионел и Кристијано, па порача:

– Има многу повеќе работи што ги обединуваат отколку работи што ги раздвојуваат. Секој од нив има свој начин на игра и свои карактеристики, но работите што ги обединуваат се огромни. Волјата секогаш да сакаат повеќе, без да го земат предвид она што веќе го заработиле е дел од тоа, – вели Витиња за „О Жого“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com