„Македониумот“ во Крушево се санира и одржува, но му треба комплетна обнова за да запре протекувањето во Споменикот. Потребна е и меѓународна помош за ова исклучително историско обележје. Протекувањата се голем проблем напролет и наесен.
„Македониумот“ се одржува, а догодина ќе се реновира опкружувањето со сите обележја на Гумење. Но комплетната обнова е неопходна, а ги опфаќа трите целини од комплексот „Илинден“.
Годинава одбележуваме 120 години од Илинденското востание, а догодина се навршуваат 50 години од споменичниот комплекс Илинден, а споменикот „Македониум“ е завршната фаза во симболичниот израз за непокорот.