13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

За една недела од ковид-19 починале 260 граѓани

Најчитани вести

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 29 март до 4 април 2021 година, тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.534; 44,5%), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21,0 до 35,2 отсто, или во просек 29,3 отсто, со зголемување за 1,7 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.422; 17,9%), 30-39 (n=1.414; 17,8%), 40-49 (n=1.313; 16,6%) и 20-29 (n=917; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,2%) и 10-19 години (n=381; 4,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8 отсто во споредба со минатата недела.

Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против ковид-19. Заклучно со 04.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.009 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 4.413 (3.805-Pfizer/Biontech и 608- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против ковид-19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 04.04.2021 вакцинирани се 1.968 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести