23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

За една недела во општина Центар казни за 350 непрописно паркирани возила

Најчитани вести

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционирале 350 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 28 октомври до 04 ноември со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 178 непрописно паркирани возила, од кои четири (несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести