1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

За евентуални рестрикции на границите ќе се разговара неделава на состанок на Комисијата

Најчитани вести

На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез на границите, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите.Во моментов, здравствените експерти чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види како се однесува делта сојот на коронавирусот кај луѓе кои се или не се вакцинирани.

Акцентот, засега, како што вчера информира министерот за здравство Венко Филипче е ставен на вакцинацијата. Повторно апелираше што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што, како што рече, после оваа мутација може да дојде некоја друга.

Филипче смета дека треба да се препорачаат мерки кои ќе бидат ефикасни, но во моментов оцени дека ситуацијата е мирна и нема голем број прегледи по болниците за пациенти суспектни на Ковид-19.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 2.518 тестирања беа регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, а со тоа бројот на активни случаи засега е 156. Најголемиот број од новите случаи се регистрирани во Тетово – 11 и Скопје – осум. Починати пациенти не беа регистрирани во претходното деноноќие.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројот на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486.

Во однос на вакцинацијата на децата против Ковид-19, Филипче вчера истакна дека кај нас нема да биде задолжителна. Тој завчера изјави дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер”, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400 илјади, а вакцинацијата, Министерството за здравство оценува дека се одвива непречено. На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера се вакцинирани 400.235 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.

Тим од здравствени работници вчера во штипскиот Затвор имунизираа 85 осуденици, кои пројавиле интерес да се вакцинираат против Ковид-19. Се прави планот и за посета на сите штипски и карбински села, со цел да им се излезе во пресрет на повозрасното население, кое сака да се имунизира. Во текот на денешниот ден ќе го објават планот, за жителите од руралните средини да знаат кога екипата ќе пристигне во нивното село и каде ќе се аплицираат вакцините.

Вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков” ќе биде отворен до крајот на месецов, каде што граѓаните кои ја примиле првата доза и ќе бидат ревакцинирани, а од понеделник се отвора и пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов”, каде што граѓаните ќе ја примаат првата доза на вакцина

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести