21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

За да ја постигне целта на Комисијата, ЕУ треба да вакцинира 5 пати побрзо, Бугарија најбавна

Најчитани вести

Европската комисија сака 70 проценти од сите возрасни лица во ЕУ да добијат вакцина против коронавирусот до летото.

Во овој момент, таа цел е неостварлива. Ако продолжи сегашното темпо на вакцинација, блокот како целина ќе достигне само 15 проценти до крајот на септември. Врз основа на просекот од изминатата недела, блокот ќе мора да ја забрза вакцинацијата за петпати за да ја постигне целта.

Целта за вакцинација е дел од списокот на незадолжителни препораки од Комисијата. Комесарката за здравство, Стела Киријакидес, во вторникот ја опиша оваа цел како „амбициозна“, но Комисијата не даде одреден датум за нејзино постигнување до летото. Претставник на Комисијата за Политико изјави дека тие мислеле на крајот на летото, па затоа во пресметките во овој напис е користен 22 септември.

Штосот е што со сегашното темпо, ЕУ како целина нема да ја постигне таа цел сѐ до март 2024 година. На долниот крај е Бугарија, која со ова темпо не би стигнала сѐ до 2040 година и ќе треба да ја забрза вакцинацијата за 29 пати. Летонија треба да го забрза своето темпо за 17 пати; Италија за 10; Унгарија за девет.

Досега, Малта е шампионот на ЕУ: таа може навреме да ја исполни целта на Комисијата ако го удвои својот број на дневни дози. Велика Британија, која повеќе не е членка на блокот и почна да вакцинира неколку недели порано од ЕУ, до крајот на летото ќе вакцинира 83 проценти од возрасните доколку го задржи сегашното темпо.

Неколку фактори го одредуваат темпото на вакцинирањата, почнувајќи од бројот на неопходните дози, вели Политико. Во моментов за сите достапни вакцини се потребни две дози.

Исто така, постојат логистички предизвици – предизвикани од снабдувањето со вакцини, транспортот и складирањето – кои ги попречуваат напорите за вакцинација. Но овие ограничувања може да се намалат во наредните месеци откако ќе се одобрат уште вакцини. Европската агенција за лекови кон крајот на јануари може да даде препорака за трета вакцина, од Оксфорд / АстраЗенека, која ќе биде поевтина и полесна за транспорт од тие на Бионтек / Фајзер и Модерна.

Друг фактор што може да ги забрза работите е распоредувањето. Во оваа рана фаза здравствените власти се фокусираат на старите лица во домовите, за што е потребно многу повеќе време и напор отколку ако се формираат масовни центри за вакцинација. Потоа, тука е прашањето дали некои земји ќе ги следат контроверзните примери на Велика Британија и Данска и ќе ја одложат втората доза за да можат брзо да вакцинираат повеќе луѓе.

На кратко, сликата може да се промени во наредните месеци, во зависност од развојот на нови вакцини и подобрата координација. Сепак, останува прашањето дали тоа ќе биде доволно.

Izvor: MKD

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести