14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

За да се отворат училиштата од септември, наставниците приоритна група при вакцинирањето

Најчитани вести

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација, во процесот приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа училиштата од на есен, за што веќе се финализираат протоколите.

-Засега нашата проценка, сите анализи што ги правиме и преку состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја следиме состојбата. Во некои земји има вакцинирани кои се заразиле со индискиот сој. Добро е дека во огромен процент над 97, 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба. Затоа сеги следи навистина навистина забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите пунктови, изјави денеска Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче најави дека на вакцинација во наредниот период ќе бидат повикани наставниците и професорите кои држеа онлајн настава.

– Сите наставници кои работеа со физичко присуство, односно наставниците од прво до трето одделение се вакцинирани. Тоа е една третина од вкупниот број наставници. На другите не дававме приоритет заради тоа што работеа во домашни услови. Сега по истиот систем на повикување, организирано ќе биде вакциниран останатиот наставен кадар. Тоа ќе биде приоритетна група за да можат училиштата да почнат да работат, рече Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести