33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

За враќање на старите патеки на Alfa Romeo ќе и бидат потребни десетина години

Најчитани вести

Жан-Филип Импарато, првиот човек на Alfa Romeo, на панел организиран од магазинот Financial Times изјави дека ќе бидат потребни десетина години за овој бренд да се врати на старите патеки на славата. Импарато потврдува дека во моментов се работи на десетгодишен план, кој ќе има за цел да го врати брендот на цврсти нозе.

Новата стратегија за обнова на италијанскиот производител треба да биде претставена на есен, а Импарато засеган не сака да открива детали. 

„Планот не е достапен за целото раководство на компанијата. Тоа е нешто што сè уште се развива, но сме при крајот“, вели извршниот директор на Alfa Romeo.

Импарато додава дека планот ќе вклучува „голема доза на електрификација“, иако таквата формулација може да се толкува на различни начини. Италијанските професионални новинари се убедени дека Alfa Romeo ќе лансира неколку нови автомобили во следните неколку години.

Покрај веќе потврдениот Tonale, чија премиера беше одложена затоа што Императо не беше задоволен од изведбата на  plug-in хибридната варијанта, некако се предосеќаат уште неколку возила. Барем така веруваат колегите од Апенинскиот полуостров кои се убедени дека наскоро во својот асортиман италијанскиот бренд ќе има хечбек и кросовер од Б сегментот, и дека двата модели ќе бидат базирани на платформата CMP на некогашната PSA, што значи дека ќе имаат електрични варијанти.

Покрај тоа, тие очекуваат брендот на голема врата да се врати во C сегментот, со новата генерација на Giulietta, која во суштина ќе биде тесно поврзана со Peugeot 308 и Opel Astra.

Се зборува за враќање и во сегментот Е, но ова е очигледно далечна цел во моментот. Останува да видиме какви ќе бидат плановите на новото раководство за Alfa Romeo, какви модели ќе пласира и се разбира кога, како и каква ќе биде судбината на сегашното дуо Giulia / Stelvio.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести