12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

За вакцинираните влез во Србија без тест и карантин

Најчитани вести

Постојните мерки нема да бидат олеснети, беше одлучено денес на седницата на Кризниот штаб. Состанокот заврши со ставот на медицинскиот дел дека нема да има отворање на трговски центри и кафулиња.

Во иднина српските државјани кои живеат во странство, како и странците, не мора да бидат во карантин, доколку се целосно вакцинирани со вакцини од Србија.

„Сите што ќе бидат целосно вакцинирани, со потврда за вакцинација и потврда од Србија, ќе можат да влезат во Србија без ПЦР-тест и без изолација како што беше досега“, рече покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.

Според него, истата состојба е и со странците.

„Ситуацијата е иста и со странците ако се целосно вакцинирани со вакцини од Република Србија, односно со две дози на ‘Фајзер’, две дози на ‘спутник В’, две дози вакцина на ‘Синофарм’. Се подразбира дека и една доза на ‘Астразенека’ е еднаква со овие три вакцини“, рече Гојковиќ.

На денешната седница беа донесени нови мерки кои влијаат на работата на училиштата. Имено, учениците ќе можат да доаѓаат на училиште во помали групи, да ги подобруваат своите оценки и да се оценуваат.

Сите мерки што важеа досега остануваат до ново известување, што значи дека трговските центри и угостителските објекти се затворени и оваа недела.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести