Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 135 возачи.
Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа, информираат од МВР, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.