18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Заштитни паравани во основните училишта во Чаир како заштитна мерка од Ковид-19

Најчитани вести

Во ОУ „Хасан Приштина” денеска беше промовиран проектот на Општина Чаир за поставување на 1950 заштитни паравани во 10 основни училишта на територијата на оваа општина. Тие, како што истакнаа општинските власти, треба да овозможат поефикасна заштита на учениците од прво до трето одделение кои наставата ја следат со физичко присуство во овој период на модифициран едукативно-образовен процес поради вирусот КОВИД -19. Вредноста на овој проект е во износ од 560.000 денари.

Целта е преку снабдување на училиштата со овој вид опрема да се подигне нивото на здравствената сигурност кај децата овозможувајќи им поефикасна заштита од опасноста од инфицирање која автоматски ќе влијае и на поквалитетниот развој на едукативно образовниот процес, рече градоначалникот на Општина Чаир Висар Гани

Министерката за образование и наука Мила Цароска смета дека во заедничка соработка на општините и Владата може да се постигнат подобри резултати во основното и средното образование во нашата држава.

– Она кое што е од исклучителна важност е дека и во време на пандемија обезбедивме континуитет на наставата за сите ученици на хибриден начин и секако оние кои се со физичко присуство успеаја училиштата заедно со родителите, учениците да ги испочитуваат протоколите и да имаме
посебно низок процент на позитивни случаи во првото полугодие. Очекувам тој тренд да се задржи и во второто полугодие заради тоа што пристапот на организирање на наставата е еднаков како во првото
полугодие и очекувам и наставниците, родителите и директорите да ги обезбедат сите соодветни услови, рече министерката за образование.

Царовска смета дека со оваа инвестиција која што Општина Чари ја прави дополнително се заштитува здравјето и на учениците и на наставниците, а со тоа, рече таа, и сигурно ќе бележиме и понизок процент на позитивни случи коишто доаѓаат од надвор во училиштата, но секако и спречување во трансмисијата на КОВИД -19 во училиштата внатре.

– Протоколите за обезбедување на заштита во спроведување на настава со физичко присуство се јасни. Тие ги исполнуваат сите училишта на територија на државата коишто работат со физичко присуство. Тие се задолжителни. Се што општините ќе направат дополнително ќе биде поздравено од Министерството. Во моментов на територијата на целата држава сите училишта го спроведуваат основниот протокол за здравствена заштита кој што е пропишан од Коисијата за заразни болести, рече таа.

Градоначалникот Ганиу истакна дека меѓу приоритетите на Општина Чаир е одржувањето на инфраструктурата на училиштата каде, вели, постојано инвестираме и како конструктивен партнер го имаме МОН и приватните донатори со кои соработуваме.

-Тука ги истакнуваме инвестициите кои ги имаме реализирано за целосната реконструкција на ОУ „Лирија” во вредност од 8 милиони денари, ОУ „Јашар Бејшкупи” во вредност од 7,5 милиони денари, во ОУ „Исмаил Ќемали”- реконструкција на кровот во вредност од 6,1 милиони денари, во ОУ „Васил Главинов” во соработка со МОН во вредност од 37 милиони денари. Инвестиција од 24 милиони денари за изградба на новата спортска сала во ОУ „Конгреси Манастири”. Создавање на сензорски училници за учениците со посебни потреби во вредност од 2,2 милиони денари и многу други инвестиции, наведе Ганиу.

Сите инвестиции, појасни тој, се фокусирани зо внатрешните простори на училиштата – спортските сали, крововите, фасадите, тоалетите, создавање на сензорни училници за учениците со посебни потреби, уредување на училишните дворови, снабдување со интернет и друга соодветна опрема за потребна за реализирање на онлајн наставата. Ганиу посочи дека ќе продолжат и понатаму со пристапот на интензивно исполнување на потребите на училиштата и иновативното интервенирање за унапредување на едукативно образовниот проц

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести