15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Заштитете го вашиот организам од вируси: Зошто е важно да го снабдите телото со овој витамин?

Најчитани вести

Со новото истражување кое што било спроведено, научниците дошле до нови заклучоци.

Заштитата на нашиот имунолошки систем е од витална важност во овој период. Јакиот имунитет го чува нашето тело од вируси и бактерии и е клуч за спречување на сите заболувања.

Изборот на здравиот начин на живот е најважен, како и внесувањето суплементи по потреба.

Кога станува збор за суплементите, витаминот Д е неопходен за нашето тело да го одржиме здраво, но исто така тоа да може да се избори со респираторните инфекции – во случајов со заразата на коронавирусот.

Витаминот Д ги зголемува ефектите на моноцитите и макрофагите во борбата против патогените, кои се дел од имунолошката одбрана и помагаат во намалувањето на воспаленијата.

Особено во текот на студените денови кога нема доволно сончеви зраци надвор, многу од луѓето се соочуваат со недостаток на витаминот Д.

Истражувањата покажале дека тој витамин помага и во заштитата на дишните патишта, пренесува британски „Express“.

Недостатокот на витаминот Д може да влијае на нашиот имунитет така што го регулира лачењето на антимикробни пептиди кои што ја зголемуваат одбраната на телото.

„Неодамнешна мета-анализа покажа дека витаминот Д има „смртоносен ефект“ на инфекциите на респираторниот тракт“, велат од СЗО.

Се проценува дека со надоместување на нивото на витамин Д во организмот, се намалуваат и случаите на заболени.

Во истражувањето е наведено: „Очигледно дека витаминот Д е способен да инхибира белодробни воспалителни реакции и истовремено ги подобрува вродените одбранбени механизми против респираторните патогени“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести