23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Зачудувачкото богатство на Лувр сега е на само еден клик

Најчитани вести

Колекцијата на најпосетуваниот музеј во светот, парискиот Лувр, која содржи повеќе од 480 илјади експонати може да се разгледа онлајн. Музејот кој поради пандемијата на Ковид-19  е затворен и во него се вршат реновирања, на овој начин се доближува до својата публика од целиот свет.

На веб-страницата се прикажани уметнички дела од повеќе музејски оддели,  исламска уметност, скулптури од ренесансата, египетски антиквитети, слики од уметници од целиот свет…

„Зачудувачкото културно наследство на Лувр сега е на само еден клик. Сигурен сум дека оваа дигитална содржина дополнително ќе ги инспирира луѓето да дојдат во Лувр за да ги откријат колекциите лично “, вели Жан-Лук Мартинез, претседател и директор на Лувр.

Веб-страницата има интерактивна мапа што им овозможува на луѓето да го истражуваат музејот и секоја од неговите уметнички дела, соба по соба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести