19.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Захов: Ние сме фаворити против Работнички

Најчитани вести

Aктуелниот првак Шкендија во 22.коло од Првата фудбалска лига гостува на арената „Тодор Проески“ во Скопје и ќе ги одмери силите со Работнички. Лидерот Шкупи, пак, има тешко гостување кај Ренова во Тетово. Тука фудбалерите на Шкендија ја гледаат шансата да ја намалат бодовната разлика во однос на Шкупи.

Шкендија не бега од фаворитската улога на дуелот против Работнички, вели голманот Костадин Захов.

„Ние сме фаворити на натпреварот против Работнички. Но, и покрај тоа што се на осмото место на табелата, не треба да ги потценуваме. Напротив, мора да дадеме се од себе за да оствариме победа. На арената во Скопје има многу поволни услови за фудбал, а добриот терен ќе ни овозможи да го играме она што од нас се очекува, квалитетен фудбал. И токму тоа верувам дека ќе ни овозможи да се вратиме во Тетово со три бода“, изјави Костадин Захов.

На останатите натпревари од Првата лига, денеска (14 часот) се среќаваат: Ренова – Шкупи, Струга Трим Лум – Македонија ЃП, Брегалница – Пелистер, Академија Пандев – Борец.

Тиквеш и Скопје го отворија 22.коло во саботата, а победи домаќинот со 3:0.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com