1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Захарова: Разговорите со Трамп се конструктивни

Најчитани вести

Разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон се прагматични и конструктивни, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Тие разговараа на многу специфични теми за кои веќе имаме воспоставено дијалог – Сирија, Авганистан и така натаму. Ова се прашања за кои треба да се постигне напредок, да се оди само напред, а не наназад или настрана. Тоа се прашања на безбедноста, разоружувањето, стратешката стабилност “, рече Захарова.

Како што додаде, заради важноста на темите, дијалогот бил многу прагматичен и конструктивен, пренесува „ТАСС“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оствари официјална посета на Соединетите Американски Држави за време на која се состана со државниот секретар на САД Помпео и со американскиот претседател Трамп.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести