8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Захариевски: Тежок натпревар, се надевам дека ќе ја елиминираме Лиепаја

Најчитани вести

Струга Трим Лум синоќа го имаше своето деби во Европа, испитот е положен, се врати со 1-1 од Летонија, надежите за пласман во следното квалификациско коло во Конференциската лига сега се поголеми.

Со гол на Бесир Исени во судиското продолжение од натпреварот, Струга ТЛ дојде до реми на гостувањето кај Лиепаја.

„Многу тежок натпревар, со еден навистина квалитетен противник по кој резултатот беше реален, бидејќи за нијанса ги поделивме полувремињата, во кои тие беа подобар противник во провото полувреме, додека ние во второто. Сепак не очекува реванш каде се надевам дека ние ќе бидеме посреќниот тим, и дека ќе ја елиминираме ФК Лиепаја”, изјави тренерот Срѓан Захариевски по мечот.

Стрелецот на голот, Бесир Исени се надева на уште подобра игра во реваншот.

„Среќен сум за голот, а уште повеќе што имаме еден активен резултат. Верувам дека во Скопје ќе бидеме уште подобри и дека ќе се пласираме за следната рунда”, изјави Исени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести