0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Захариева-Селаковиќ: Бугарската блокада за евроинтеграциите на Србија е од техничи, а не од политички причини

Најчитани вести

На денешната прес конференција по средбата во Софија со српскиот шеф на дипломатијата Никола Селаковиќ, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева изјави дека „Бугарија нема да го менува ставот кон Србија во поглед на евроинтеграциите”, јави Танјуг.

На прашањето зошто Бугарија е една од седумте земји кои го запреа отворањето нови поглавја за Србија во преговорите со ЕУ минатата година, Захариева посочи дека „во прашање биле технички причини, а не политички”, посочувајќи дека „од искуство знае дека е помалку важно колку поглавја се отворени, туку колку се затворени на вистински начин.”

Захариева се заблагодарила на Селаковиќ за посетата, реализирана на нејзина покана, на која било разговарано за интензивирање на соработката на економски и политички план.

Зборувајќи за бугарското национално малцинство во Србија, Захариева посочи дека тоа е уште еден поттик за зајакнување на билатералните односи, оценувајќи дека „Србија има добро, модерно законодавство во врска со малцинствата” и дека „се надева дека прашањата важни за малцинствата ќе бидат решени во добар дух”.

Селаковиќ се заблагодарил на бугарската поддршката за Србија во евроинтеграциите и изразил надеж дека оваа поддршка ќе продолжи, додавајќи дека Белград има разбирање за позицијата на Бугарија во однос на Косово.

-Посебно внимание на разговорите беше максималното обезбедување на заштита на малцинските права за бугарското национално малцинство во Србија и се согласивме за директна линија на комуникација и ако се појави проблем, треба лично да се чуеме, автоматски да го спуштаме случајот на пониско ниво и да ги решаваме проблемите од заеднички интерес, истакнал Селаковиќ, соопшти Танјуг.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Селаковиќ на темата за бугарското малцинство разговарал и со претседателот Румен Радев, кој изразил „уверување дека заедно можеме да постигнеме заеднички цели од двете страни на границата и дека ќе вложиме уште повеќе напори сето тоа да се препознае, не само во нашите земји, туку и во европското семејство “.

-Исто така, ја пренесувам мојата благодарност за испишувањето на бугарските женски имиња, финансиската помош за медиумите и уредувањето на целиот регион. Се надевам дека овие напори ќе и помогнат на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, му порачал Радев на српскиот министер за надворешни работи на почетокот на состанокот.

Селаковиќ денеска во Софија имаше разговари и со бугарскиот премиер Бојко Борисов за политичката, инфраструктурната и економската соработка меѓу двете земји, како и за мерките преземени во борбата против вирусот „ковид-19”.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести