7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ

Најчитани вести

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка.

Бугарија кажа едно големо „да” за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата.

Таа изрази уверување дека нема кој да ја украде бугарската историја и оти тоа не треба никој да го загрижува.

Бугарската агенција БГНес која ја пренесува изјавата на Захариева, потсетува дека на последниот Самит во Брисел минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон ставил вето на почетокот на претпристапните преговори со Скопје и Тирана./MИА

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести