Бојан Јовановски во јавноста попознат како Боки 13 во придружба на затворската полиција од Истражниот затвор во Шутка е донесен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот “Рекет”, за кој е првообвинет и е во притвор.
Исказ пред ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција треба да даде и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.
Од тројцата осомничени, само Зоран Милески е во домашен притвор.
Откако ќе измине рокот за увид во доказите за сите осомничени, обвинителката Вилма Русковска има рок од 30 дена да подигне обвинение за случајот „Рекет“.