33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Затворен угостителски објект во липковското село Виштица, поради непочитување на работното време

Најчитани вести

Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект во липковското село Виштица, бидејќи по контролата на полицијата било утврдено дека објектот работел по дозволеното време и биле затекнати 18 гости и сопственикот.

– Вчера полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во село Виштица, општина Липково, сопственост на Р.И.(31) од село Виштица, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 18 лица-гости и сопственикот, информираа од полицијата.

Додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести